РАМА ВО ОДБРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАКЕДОНЕЦ ОД ПУСТЕЦ Колефски побарал да биде изведена и албанската химна, но го игнорирале

Колефски побарал покрај македонската да биде интонирана и албанската химна, но организаторите не го сториле тоа. Рама го пофали градоначалникот Македонец и остро реагираше за случајот.

187

Премиерот на Албанија Еди Рама застана на страната на градоначалникот Македонец од Пустец, Пали Колефски, кој се извини за неинтонирањето на албанската химна на фолклорниот фестивал „Преспа 2026“.

Според Рама, Колефски бил игнориран, иако реагирал и побарал да биде изведена и албанската химна.






Албанскиот премиер оцени дека градоначалникот се покажал како достоен државник и граѓанин на европска Албанија.

„Ние ја почестивме таа мала заедница со посебен статус како посебна општина, токму затоа што за Албанија малцинствата не се статистика, туку национално богатство, а малцинските граѓани не се бројки, туку браќа и сестри со исти слободи и права како и сите нас“, напиша Рама.

Рама во објавата вели дека „ваквите појави се циркуски трупи на балканскиот национал-фолклоризам“ и дека тие не го загрозуваат суверенитетот на Албанија.

Според албанскиот премиер „европска Албанија“ не може и нема да ги спушти своите вредности на нивото на „пародијата во Пустец“.

Вчера во Мала Преспа беше организиран фолклорниот фестивал „Преспа 2026“, посветен на македонската традиција, култура и фолклор.  На отворањето била интонирана македонската, но не и албанската химна.

Колефски се извини и објасни:

– Барам извинување, навистина, иако тоа не ми припаѓа мене, бидејќи Општина Пустец не беше организатор. Бевме поканети на овој концерт. Сепак, барам извинување. И македонскиот премиер не го прими добро ова.

Случајот предизвика реакција и од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија.

Поврзани содржини