ГОДИШЕН РАСТ НА ПЛАТИТЕ ОД 6,4% ВО ЈУНИ Просечната нето-плата изнесувала 48.381 денар

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „aдминистративни и помошни услужни дејности“ од 10,6%, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 8,1% и „транспорт и складирање“ од 8%.

0

Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.381 денар и е повисока за 6,4% во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „aдминистративни и помошни услужни дејности“ од 10,6%, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 8,1% и „транспорт и складирање“ од 8%.






Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 9%, „уметност, забава и рекреација“ за 6,2% и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,9%.

Просечната бруто-платата во јуни 2026 година изнесувала 72.785 денари.

Поврзани содржини