КОЛКУ ЈУГОСЛОВЕНИ ОСТАНАА ВО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВА? Во Македонија најмалку, во Србија најмногу

Според последните достапни пописни податоци, во Србија како Југословени се изјасниле 27.143 лица, а во Македонија 344. Бројките за државите се од различни пописни години.

164

Најмалку лица кои се изјаснуваат за Југословени меѓу прикажаните поранешни југословенски републики живеат во Македонија. На пописот од 2021 година така се изјасниле само 344 граѓани.

Убедливо најмногу има во Србија. Според пописот од 2022 година, таму како Југословени се изјасниле 27.143 лица.






Инфографикот „Број на Југословени во ексјугословенските републики“, објавен од „Геоинста“, се повикува на државните статистички институции.

Зад Србија со најмногу Југолсовени е Босна и Херцеговина, 2.570 лица според пописот од 2013 година. Во Црна Гора во 2023 година биле евидентирани 1.103.

Хрватска на пописот од 2021 година регистрирала 942 лица што се изјасниле како Југословени.

За Словенија е наведена бројка од 527 лица, но таа е од пописот во 2002 година. Подоцна земјата преминала на регистарски попис, кој не собира податоци за националната припадност.

Инфографикот не прикажува посебни податоци за Косово и за Војводина.

Поврзани содржини