ИСЛАМ АБАЗИ ГО СПАСИ ФИЛИПЧЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ Манасиевски им порача дека со нови докази може да се реотвори истрагата
Овој предмет го водела прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал. Затоа и денес токму Венко Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Ислам Абази го спаси Венко Филипче, откако Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство со години го чуваа предметот во фиока, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција пред седиштето на ОЈО за гонење органозиа криминал и корупција.
– Аргатот на Зоран Заев, Венко Филипче и на Али Ахмети, Ислам Абази – шефот на ОЈО ГОКК, го затвори предметот за градењето на 19 модуларни болници во време на Ковид кризата, од кои во една се запалија 14 наши сограѓани. Од 10 септември 2021 година, од кога е оформен предметот, до ден денешен, 20 август 2026 година, точно 5 години подоцна, ОЈО ГОКК предводено од Абази, вели дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки – рече Манасиевски.
Тој потсети како беа градени модуларните болници.
– За да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница во Тетово каде што живи изгореа 14 наши сограѓани, Филипче и Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го измени Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување и одобрение ќе издава Министерство за здравство или тогашниот министер, Венко Филипче. Што значи, Филипче е директно одговорен за поставување на модуларните болници, и секако за сè што се случило потоа. Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации ниту пак направил елаборат за електрична енергија. Со тоа, Филипче е директниот виновник за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година – рече Манасиевски.
Исто така, додаде тој, да не заборавиме и дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица.
– Овој предмет го воделе прво Вилма Русковска, за потоа да оди во фиоките на обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска и таму да фаќа прашина, за на крај да оди кај трета обвинителка, која вели дека не постои основано сомнение за сторен криминал. Затоа и денес токму Филипче не даде коментар за одлуката на ОЈО ГОКК за затворање на предметот, која тој веќе однапред ја знаел, бидејќи бил известен – рече Манасиевски.
На само некој месец од заминувањето од функцијата шеф на ОЈО ГОКК, аргатот Ислам Абази си ја одработува својата задача и ги заштитува своите шефови, потенцира Манасиевски.
– За крај, тоа што денес е затворена истрагата, не мора да значи дека утре нема да излезат нови докази и повторно да се отвори истата постапка – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.