📽️ ГО ЗГРАПЧИ ВОЛАНОТ НА АВТОБУСОТ И СПРЕЧИ ТРАГЕДИЈА Драма во Шведска откако возачот се онесвестил
Марија Хјелте реагирала во критичните секунди и го задржала автобусот на патот. Потоа друг патник ѝ помогнал безбедно да го запрат возилото.
Возач на автобус со околу 50 патници се онесвестил зад воланот во Шведска. Автобусот почнал да се движи кон каналот покрај патот, но една од патничките реагирала во последен момент.
Марија Хјелте веднаш го презела воланот и го задржала автобусот на коловозот. Потоа ѝ помогнал патникот Ниранџан Нитијанандам и заедно успеале безбедно да го запрат возилото.
Никој од околу 50 патници не бил повреден.
Ниранџан подоцна раскажал дека ситуацијата можела да заврши трагично ако Марија не реагирала веднаш.
View this post on Instagram