АМЕРИКАНСКИОТ ЈАВЕН ДОЛГ НАДМИНА 40.000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Игрите со царински стапки доведоа до нови задолжувања

Растечкиот долг дополнително ги нагласува спротивставените приоритети на администрацијата, од зголемување на издвојувањата за одбраната, до настојувањата за намалување на цените на горивата и храната за американските граѓани.

45

Американскиот јавен долг за првпат надмина 40.000 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии.

Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39.000 милијарди долари, и порано од очекувањата на аналитичарите.






На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи од царините на претседателот Доналд Трамп што беа прогласени за неважечки, поради што Министерството за финансии морало побрзо да се задолжува за да ги подмири државните обврски.

Растечкиот долг дополнително ги нагласува спротивставените приоритети на администрацијата, од зголемување на издвојувањата за одбраната, до настојувањата за намалување на цените на горивата и храната за американските граѓани.

Американскиот долг сега е повеќе од двојно поголем отколку пред помалку од една деценија, во периодот на претседателските мандати на Доналд Трамп и Џо Бајден, а во последните две децении е зголемен четирикратно.

Поврзани содржини