ЈА ДЕЛАТ ВЛАСТА ВО ГОСТИВАР, А БАРААТ ВИНА ВО ВМРО-ДПМНЕ Зошто СДСМ не го праша Лимани за водата?

Наместо да понесе одговорност за кризата во Гостивар, СДСМ цел месец ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот вели дека одговорноста е на тие што ја делат власта во градот.

82

„Еден месец СДСМ бега од вистината, а таа е дека заедно со градоначалникот а Гостивар Ваљбон Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар“.

Вака обвинува пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ денеска на партиска прес-конференција. Лефков смета дека наместо СДСМ да понесе одговорност за кризата со водата за пиење во Гостивар, партијата, како што вели, и натаму го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем.






„Поради неспособноста на СДСМ, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши.

Почитувани граѓани,

Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење“.

Поврзани содржини