ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО? Трошоците на производството растат, но цените на готовите производи паѓаат
Највисок раст од 10,8% во овој делот на трошоците имаат цените на ветеринарните услуги и цените на енергијата и горивата од 7,9%.
Трошоците во производството на земјоделски производи во јули годинава пораснале за 4,4% во однос на истиот месец лани, но цените на земјоделското производство се намалиле за 5,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кај инпутот, односно средствата вложени во земјоделското производство, цените на тековно потрошените средства во јули годинава биле повисоки за 3,7% во споредба со ланскиот јули.
Највисок раст од 10,8% во овој делот на трошоците имаат цените на ветеринарните услуги и цените на енергијата и горивата од 7,9%. За една година за 3,9% пораснале и цените на средствата за заштита на растенијата како и на цената на семињата од 3,4%. Трошоците на земјоделците пораснале и кај ѓубривата од 2,2% и добиточната храна од 1,9%.
Уште поголемо зголемување од 8,9% е забележано кај цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството. Така транспортната опрема поскапела за 17,3%, а машините и опремата за 13,7%.
| VII 2025 | XII2025 | VII 2026 | VII 2026 XII 2025 |
VII2026 VII 2025 |
|
|---|---|---|---|---|---|
| Вкупен инпут | 145.6 | 141.7 | 151.6 | 6.9 | 4.1 |
| Инпут 1 (средства тековно потрошени во земјоделството) | 145.4 | 141.1 | 150.8 | 6.8 | 3.7 |
| Семиња | 106.0 | 106.1 | 109.5 | 3.2 | 3.4 |
| Енергија, горива, мазива | 183.2 | 172.4 | 197.7 | 14.7 | 7.9 |
| Минерални ѓубрива | 143.9 | 140.1 | 147.1 | 5.0 | 2.2 |
| Средства за заштита на растенијата | 106.6 | 110.3 | 110.8 | 0.4 | 3.9 |
| Ветеринарни услуги | 157.6 | 164.9 | 174.6 | 5.9 | 10.8 |
| Добиточна храна | 131.0 | 130.0 | 133.4 | 2.7 | 1.9 |
| Одржување на опремата и згради | 147.4 | 139.0 | 143.4 | 3.2 | -2.7 |
| Останати стоки и услуги | 195.0 | 176.4 | 177.5 | 0.6 | -9.0 |
| Инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) | 147.9 | 148.9 | 160.9 | 8.1 | 8.9 |
| Машини и опрема | 135.9 | 139.5 | 154.5 | 10.8 | 13.7 |
| Транспортна опрема | 116.7 | 118.6 | 136.8 | 15.4 | 17.3 |
| Згради | 185.3 | 181.2 | 184.7 | 1.9 | -0.3 |
И покај високите влезни трошоци во земјоделското производство, во јули цените кај аутпутот, односно земјоделското производство, се движеле во спротивна насока.
Цените на растителното производство се намалиле за 6,8%, додека кај добиточното производство било регистрирано благо намалување од 0,2%.
Цените на овошјето и грозјето во јули споредено со истиот месец лани се пониски дури за 13,2%, на зеленчукот за 11,4%, а на добиточните растенија се намалиле за 3,7%. За 5,7% се намалиле и цените на производите од животинско потекло.
Раст на цените е забележан кај индустриските растенија и тоа за 19%, кај виното од 4,3%, како и кај компирот од 2,1%. Пораснала и цената на добитокот за колење од 9,5%.
Но, во јули нема промена на цената на пченицата и оризот во однос на ланските цени.
| VII 2025 | XII2025 | VII 2026 | VII 2026 VII 2025 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупен аутпут | 162.8 | 122.9 | 153.9 | -5.5 |
| Вкупен аутпут без зеленчук и овошје и грозје | 136.4 | 140.3 | 139.7 | 2.4 |
| Растително производство | 166.9 | 115.1 | 155.6 | -6.8 |
| Жита и ориз | 128.1 | 130.2 | 128.2 | 0.0 |
| Индустриски растенија | 136.7 | 150.7 | 162.7 | 19.0 |
| Добиточни растенија | 106.9 | 106.9 | 102.9 | -3.7 |
| Зеленчук | 234.1 | 85.5 | 207.4 | -11.4 |
| Компир | 162.0 | 167.2 | 165.4 | 2.1 |
| Овошје и грозје | 61.7 | 160.6 | 53.6 | -13.2 |
| Вина | 129.0 | 131.0 | 134.5 | 4.3 |
| Добиточно производство | 148.2 | 151.2 | 147.9 | -0.2 |
| Добиток за колење | 135.1 | 139.6 | 148.0 | 9.5 |
| Производи од животинско потекло | 156.9 | 159.0 | 147.9 | -5.7 |