НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА 37 ОД РАДИШАНИ ДО КАРПОШ За прв пат јавен превоз на булеварот Словенечка
Ја враќаме 37-цата на улиците, но овојпат по нова траса која за првпат го става во функција булеварот Словенечка и ги поврзува Радишани и Бутел директно со сите средни училишта во Карпош, објави Димитровски, соопшти претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски.
Се воведува нова автобуска линија, со број 37, која ќе сообраќа од Радишани до Карпош, најави претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски.
„Оваа стара табла со бројот 37 е вистински blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град. Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ја враќаме 37-цата на улиците, но овојпат по сосема нова траса која за првпат го става во функција булеварот Словенечка и ги поврзува Радишани и Бутел директно со сите средни училишта во Карпош и со Скопје Сити Мол“, објави Димитровски.
Летово започнуваме со промотивен капацитет за сите ученици и родители навреме да се запознаат со возниот ред, а од 1 септември линијата 37 продолжува со полна пареа. додаде тој.
„Секоја голема победа почнува со мали чекори, а овој проект е совршен спој меѓу скопските спомени и современата мобилност што ја ветивме во програмата и моите 9 темелни политики. За Скопје што се движи, за Скопје какво што го сакаме“, објави Димитровски.