ЕМИРАТИТЕ ПРЕСРЕТНАА ДВЕ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ ИСПУКАНИ ОД ИРАН Граѓаните добија предупредуање за ракетни напади

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека ракетите паднале во морето.

87

Две балистички ракети испукани од Иран беа пресретнати од Обединетите Арапски Емирати вечерва, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ. Во соопштението се наведува дека тие паднале во морето – едната во територијалните води на ОАЕ, а другата надвор од нив.

Министерството за внатрешни работи на ОАЕ претходно денеска испрати предупредување до мобилните телефони на граѓаните за можна ракетна закана, а потоа објави дека ситуацијата е безбедна и луѓето можат да се вратат на своите нормални активности.






„Поради моменталната ситуација и опасноста од ракетни напади, веднаш побарајте засолниште во најблиската заштитена зграда“, предупреди денеска Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.

Министерството за одбрана, пак, соопшти дека „открило ракетна закана насочена кон земјата“.

Ова е прво такво предупредување во Емиратите од јули, кога беше издадено за напад кој на крајот не стигна до земјата.

Во последните недели, неколку пати беа нападнати танкерите за нафта што припаѓаат на Националната нафтена компанија Абу Даби.

За време на првата фаза од војната на Блискиот Исток, која започна на 28 февруари по израелските и американските напади врз Иран, Техеран изврши речиси 3.000 напади врз ОАЕ, што ги направи главна цел на неговите одмазднички акции.

Откако меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран стапи на сила во јуни ОАЕ не пријави никакви напади врз своја територија, за разлика од другите земји од Персискиот Залив.

Поврзани содржини