📽️ КРВАВ ПИР ВО УЧИЛИШТЕ НА ФИЛИПИНИТЕ Деветтооделенец отворил оган, па си го одзел животот

Учениците се криеле во училницата додека одекнувале истрелите. Деветтоодделенецот убил една година постар соученик, а потоа си го одзел животот.

65

Двајца ученици загинале во вооружен напад во училиште во јужниот дел на Филипините. Меѓу загинатите бил и деветтоодделенецот кој го извршил нападот. Уште две лица биле повредени.

Пукањето се случило во училиштето при приватниот универзитет „Атенео де Замбоанга“ во градот Замбоанга. Според првичниот полициски извештај, ученикот влегол вооружен во кампусот.






Тој отворил оган врз ученици во една од училниците. Убил една година постар соученик, а потоа си го одзел животот.

Филипинскиот медиум ГМА Њуз објавил снимки од хаосот во училиштето. Учениците се криеле во училницата додека одекнувале истрели. Телевизискиот канал АНЦ прикажал преплашени ученици и родители пред училишниот комплекс.

Полицијата пристигнала на местото, а биле распоредени и воени единици. Истрагата продолжила во училишниот комплекс.

Ова бил втор смртоносен вооружен напад во училиште на Филипините за помалку од два месеца. Во јуни тројца ученици загинале во напад во јавно училиште во Таклобан.

 

 

Поврзани содржини