ПЛАМЕНОТ ЗАФАТИЛ КУЌА КАЈ СТАРО НАГОРИЧАНЕ Пет пожари горат ширум земјаа, шест се изгаснати, а еден е под контрола

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани 12 пожари на отворен простор. Пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти ЦУК.

39

Пет пожари на отворен простор се активни во земјава, а еден од нив зафатил и куќа кај Старо Нагоричане. До 13 часот денеска се регистрирани вкупно 12 пожари, од кои шест се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Најсериозна е состојбата во Општина Студеничани, каде активен е пожарот на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Таму гори мешана шума.






Пожар има и во Општина Македонски Брод, на местото Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во Општините Јегуновце и Сарај активен е пожарот кај селата Копанце и Туденце, со проширување кон селото Бојане. Таму гори мешана шума.

Активен пожар има и во прилепско, кај селото Чаниште, каде гори ниска вегетација.

Пожар избувнал и во Општина Старо Нагоричане, на потегот кај селата Орах, Диманце и Руганце. Станува збор за шумски пожар, при што е зафатена и една куќа.

Еден пожар е ставен под контрола. Станува збор за пожарот на депонијата во Делчево.

Во текот на денот се изгаснати уште шест пожари.

Во Општина Брвеница изгаснат е пожарот кај селото Милетино, каде горела ниска вегетација. Изгаснат е и пожарот на депонијата кај селото Железница во Општина Кратово, како и пожарот кај селото Ветуница во Општина Ранковце.

Во Општините Велес и Зелениково изгаснат е пожарот кој се движеше од селото С’лп и месноста Горно Село кон Карабуниште и Бузалково, како и кон селата Добрино и Тисовица. Таму беа зафатени ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Изгаснат е и пожарот кај селото Батинци во Општина Студеничани, како и пожарот кај Палиград во Општина Зелениково, каде гореле ниска вегетација и шума.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на теренот, особено поради високите температури и условите кои погодуваат за брзо ширење на пожарите.

Граѓаните се предупредуваат да бидат особено внимателни и да не палат оган на отворен простор. Во случај на пожар, веднаш треба да се пријави на бројот 112.

Поврзани содржини