ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ПРЕПОЛОВИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ Се отвора патот за подобар стандард на граѓаните

Партијата ВРЕДИ посочува дека годишната инфлација е речиси преполовена во споредба со 4,5 отсто пред две години. Следниот предизвик, се вели во соопштението, е подобрувањето да се почувствува во семејните буџети.

23

Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто, а тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. Партијата вели дека заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нејзините приоритети.

„Пред две години, кога ја презедовме одговорноста за раководење со институциите, годишната инфлација изнесуваше 4,5 отсто. Во јули годинава таа изнесува 2,3 отсто.






Секако, има уште работа за граѓаните повеќе да го почувствуваат ова подобрување. Но, пониската инфлација покажува дека состојбата се стабилизира. Во текот на овој период беа преземени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за воведување повеќе ред на пазарот.

Продолжи спроведувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој производителите и потрошувачите се заштитуваат од злоупотреби во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Намалената акциза на нафтените деривати, исто така, придонесе за пониски трошоци за граѓаните и компаниите.

Но, пониската инфлација е само еден дел од работата. На граѓаните им се потребни работни места, приходи и можности да напредуваат.

Токму затоа се спроведува Оперативниот план за вработување, со околу 40 милиони евра предвидени за вработување, самовработување, обуки и стручно оспособување.

Од една страна, се работи на поголема стабилност на цените, а од друга страна, се создаваат можности за работа, приходи и развој на бизнисите.

Не велиме дека сите проблеми се решени. Пред нас има уште многу работа. Ние ќе продолжиме да работиме за подобрувањето да се почувствува во секојдневниот живот и во буџетот на секое семејство“, соопшти ВРЕДИ.

Поврзани содржини