🎥 ПОЧЕСНА СТРЕЛБА ЗА ДЕНОТ НА АРМИЈАТА Македонската војска слави 34 години постоење
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста“.
Со почесна артилериска стрелба од касарната „Илинден“ во Скопје денеска почна одбележувањето на Денот на Армијата, 18 август.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“.
Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата.
Министерот Мисајловски пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот во Скопје им се заблагодари на сите вработени за нивниот труд, посветеност и професионалност, посочувајќи дека токму тие се столбот на одбранбениот систем. Мисајловски нагласи дека се работи на повисоки плати и подобри услови за работа и дека кон секој предизвик пристапуваат од иста перспектива.
Централната свеченост по повод Денот на Армијата, која прославува 34 години постоење, ќе се одржи утре, во Центарот за обука на вода „Биљанини Извори“ во Охрид.