12 ПАТНИЦИ ЗАГИНАА ОТКАКО АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ ВО УНГАРИЈА Возачот е приведен, можно е да заспал над воланот

103

Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако полски автобус излета од патот и падна во канал во североисточна Унгарија, соопшти денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на социјалните мрежи.

Полскиот автобус излетал од коловозот рано утрово, по што паднал во канал и се превртел, објави унгарската новинска агенција МТИ. Полицијата претпоставува дека возачот заспал зад воланот. Тој е приведен.






Тешката сообраќајна несреќа се случи во близина на градот Мезокерештеш, во североисточниот дел на Унгарија.

Спасувачките служби извлекоа 35 повредени лица од автобусот.

Унгарската служба за итна помош соопшти дека згрижила едно лице со повреди опасни по живот, девет лица со тешки повреди и уште 37 лица со полесни повреди.

Според унгарските медиуми, во туристичкиот автобус имало 57 патници и двајца возачи.

Поврзани содржини