ДВЕ ЖЕНИ ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВИ ВО ШПАНИЈА Повредени две бебиња по наносите од кал и камења

41

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон.

Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти.






Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден.

На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната служба и полицијата, припадници на Граѓанската гарда, како и медицински тимови.

Градоначалникот на блискиот град Понферада, Марко Морала, изјави дека силните бури предизвикале голем нанос од камења, кал и тиња, што довело до смртта на двете жени.

Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа сива маса од камења и кал што поминала низ селото и однела автомобил.

Поврзани содржини