ОХРИД ГО ОДБРАНИ ТРОФЕЈОТ ВО СТРУГА Во драматично финале го „скрши“ Вардар со 31:30

Охрид славеше со 31:30 во финалето против Вардар и го освои вториот трофеј на турнирот. Филип Талески постигна девет гола, а Дино Сладиќ имаше 12 одбрани.

41

Ракометарите на Охрид го одбранија трофејот на ракометниот турнир Струга 2026 откако вечерва во финалето го совладаа Вардар со 31:30. Ова за охриѓани е втор трофеј во историјата на ова натпреварување кое годинава го имаше 54.то издание.

Во финалето Охрид во финишот на првиот дел направи пресврт и на полувреме имаше предност од 15:13. Во второто полувреме Вардар беше во мала негатива и не успеа да направи пресврт и охриѓани заслужено победија. Голманот на Охрид Дино Сладиќ имаше 12 одбрани, а Филип Талески со 9 голови беше најефикасен.






Во дуелот за третото место Прилеп го победи домаќинот Струга со 30:29, додека во натпреварот за петтото место Дубочица беше поуспешна од Бутел Скопје со 31:29.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Мартин Ивановски од Охрид, а неговиот клупски колега Дино Сладиќ го доби признанието за најдобар голман, додека најефикасен на турнирот со 22 гола беше играчот на Струга Никола Јукиќ.

Поврзани содржини