📷 НБА ЅВЕЗДА СТАВИ 215.000 ДОЛАРИ ВО УСТАТА Се почасти со насмевка поскапа од автомобил

Ѕвездата на Портланд трејл блејзерс за роденден се почестила со необичен забен накит. Дијамантите му ја покриваат речиси целата насмевка на Џа Морнат.

38

Кошаркарот на Портланд трејл блејзерс, Џа Морант, повторно привлече внимание надвор од теренот. За својот 27. роденден избрал подарок вреден 215.000 долари.

Станува збор за дијамантски забен накит кој се поставува врз природните заби. Сетот може да се отстранува и не бара трајно вградување дијаманти.






Накитот практично ја покрива целата насмевка на НБА-ѕвездата.

Дијаманти вредни 215.000 долари

Скапоцениот сет го изработил јувелирот Хозе Мата, познат како Плаг Џео. Според објавените информации, дијамантите имаат сертификат од Гемолошкиот институт на Америка.

Морант и претходно носел ваков накит. Пред Олстар натпреварот во 2023 година имал забен сет вреден околу 23.000 долари.

Новиот е речиси десетпати поскап.

Морант летово стана кошаркар на Портланд трејл блејзерс. Клубот го доведе од Мемфис гризлис во размена за Џерами Грант и Крис Маре.

Поврзани содржини