7,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА ВО ЕДЕН МЕСЕЦ Германија, Данска и Холандија издвојуваат стотици милиони

Јунската воена помош е трета највисока од почетокот на руската инвазија, но просечната месечна поддршка е пониска отколку пред прекинот на американската помош.

95

Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко месечно ниво од април 2024 година, но на подолг рок финансиската поддршка и натаму се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од Кил.

Во април 2024 година биле издвоени 9,04 милијарди евра воена помош за Украина, пред САД да ја прекинат својата финансиска поддршка во февруари 2025 година.






Според податоците на Институтот од Кил, јунскиот износ е трет најголем месечен пораст на воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година.

Зголемувањето главно се должи на новиот заем за поддршка на Украина, при што средствата за воена помош издвоени од европските институции во мај и јуни достигнале 4,3 милијарди евра.

Европската Унија одобри заем од вкупно 90 милијарди евра за периодот 2026–2027 година, со цел Украина да продолжи да ги финансира своите воени потреби и да обезбеди непречено функционирање на државните институции.

– Брзото одобрување на заемот испрати позитивен сигнал до украинската страна – коментира Таро Нишикава, претставник на Институтот.

Покрај заемот од ЕУ, Германија издвои 700 милиони евра, Данска 600 милиони евра, а Холандија 500 милиони евра за поддршка на украинската армија.

Сепак, според анализата, нивото на финансирање на подолг рок останува пониско од периодот пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине американската помош за Киев.

Пред февруари 2025 година, државите во просек издвојувале 3,46 милијарди евра месечно воена помош за Украина. Од февруари наваму, просечниот месечен износ се намалил на 2,94 милијарди евра.

Поврзани содржини