АНТОНИО БАНДЕРАС ГО ОТКРИ РЕЦЕПТОТ ЗА „ДОБАР РАЗВОД“ Aктерот објасни зошто и денес е близок со Мелани Грифит

Иако нивниот брак заврши пред повеќе од една деценија, актерот и Мелани Грифит успеале да останат во одлични односи, а тој вели дека тоа било важно и за нивните деца

80

Иако од разводот на Антонио Бандерас и Мелани Грифит поминаа повеќе од десет години, нивната приказна и денес изгледа поинаку од повеќето холивудски разделби. Поранешните сопружници успеале да зачуваат близок однос, а Бандерас денес ја смета Грифит за една од своите најдобри пријателки. Секогаш кога престојува во Лос Анџелес, тој се труди да се види со неа.

Бандерас за нивниот однос зборуваше во пресрет на премиерата на филмот „Tony“, биографска драма за познатиот готвач Ентони Бурдејн.






Актерот и Грифит се запознаа во 1989 година на доделувањето на Оскарите, но се зближија неколку години подоцна, за време на снимањето на романтичната комедија „Two Much“ во 1995 година. Се венчаа во мај 1996 година, а неколку месеци подоцна ја добија ќерката Стела.

Нивниот брак траеше речиси две децении. Грифит поднесе барање за развод во 2014 година, а разводот официјално беше завршен во декември 2015 година. Но, крајот на бракот не значеше и крај на нивниот однос. Напротив, Бандерас вели дека и денес уживаат кога се заедно.

– Секогаш кога одам во Лос Анџелес, задолжително се гледаме и одлично си поминуваме. Се смееме и едноставно… Мислам дека тоа е многу здраво, а беше добро и за нашите деца – вели актерот.

Посебно му значи што и понатаму може да го следи растењето на нивните деца и да гледа какви луѓе стануваат. Бандерас смета дека начинот на кој се разделиле им помогнал и ним и на децата.

– Додека бевме заедно, но и кога се разделувавме, секогаш бевме многу искрени еден кон друг. Се разделивме во добри односи, а тоа беше многу важно и за децата и за нас – објаснил тој.

Мелани Грифит, покрај Стела, од претходните бракови има уште деца, меѓу кои е и актерката Дакота Џонсон. Токму семејната блискост е нешто што Бандерас очигледно сакал да го зачува и по разводот.

Тие неодамна покажаа дека навистина нема лоши чувства меѓу нив. Двајцата беа фотографирани како се прегрнуваат за време на вечера во Лос Анџелес, а истиот месец позираа заедно со нивната ќерка Стела и нејзиниот сопруг Алекс Гружински.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonio Banderas (@antoniobanderas)

Според актерот, токму искреноста и почитта што ги имале еден кон друг и во текот на разделбата им овозможиле да останат блиски.

Поврзани содржини