📷 ХАЛИ БЕРИ НАСКОРО ПОЛНИ 60 ГОДИНИ, А ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМА 30 Фотографиите во костим за капење предизвикаа лавина комeнтари

Ѕвездата моментално ужива на луксузен одмор во егзотична дестинација, а фотографиите што ги објави на социјалните мрежи уште еднаш потврдија зошто важи за една од најубавите жени во Холивуд.

98

Холивудската актерка Хали Бери повторно го привлече вниманието на јавноста, и тоа непосредно пред својот 60-ти роденден, кој ќе го прослави на 14 август.

Ѕвездата моментално ужива на луксузен одмор во егзотична дестинација, а фотографиите што ги објави на социјалните мрежи уште еднаш потврдија зошто важи за една од најубавите жени во Холивуд.






За релаксација покрај море, Хали избрала впечатлив едноделен костим за капење во црна боја, украсен со детали од тантела. Моделот, инспириран од естетиката на луксузната долна облека, со прерамки што се вкрстуваат на грбот и смел крој, дополнително ја нагласува нејзината фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Иако наскоро ќе влезе во седмата деценија од животот, актерката уште еднаш покажа дека годините не се пресудни ниту за изгледот ниту за стилот.

Нејзината витка линија е резултат на долгогодишна посветеност на здравиот начин на живот, редовното вежбање и грижата за себе. Но, она што обожавателите најчесто го истакнуваат е нејзината самодоверба и позитивна енергија.

Фотографиите од одморот за кратко време предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а следбениците не штедеа комплименти.

Многумина коментираа дека Хали Бери изгледа неверојатно и дека нејзиниот младешки дух и харизма се причината поради која и понатаму плени внимание каде и да се појави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Поврзани содржини