ИРИНА ШАЈК ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА 11 ГОДИНИ ПОМЛАД КОШАРКАР Новата љубов на манекенката е НБА ѕвезда која претходно беше во врска со Кендал Џенер

Инсајдер открил за „Пипл“ дека моделот и НБА играчот кој претходно бил во врска со Кендал Џенер, се обидуваат да поминат многу време заедно ова лето.

106

Меѓу супермоделот Ирина Шајк и кошаркарот Девин Букер се раѓа нова романса.

Откако неодамна беа забележани заедно во Хемптонс, извор близок до двојката открил дека тие веќе извесно време се гледаат и уживаат во заедничките моменти.






– Девин Букер и Ирина се во врска. Сè уште е многу ново, но навистина многу си се допаѓаат – изјавил извор за магазинот „Пипл“.

Според истиот извор, двајцата се запознале преку заеднички пријатели пред неколку месеци и оттогаш се обидуваат да поминуваат што повеќе време заедно.

– Сакаат максимално да го искористат летото пред Девин да ги започне подготовките за новата сезона – открил изворот.

Тој додава дека не е исклучено наскоро да ја видиме Ирина на трибините за време на натпреварите на ѕвездата на Феникс Санс.

– Таа навистина е заинтересирана за него – вели изворот.

Букер (29) претходно беше во врска со манекенката и ријалити-ѕвезда Кендал Џенер. Тие првпат беа поврзани во 2020 година, а својата врска јавно ја потврдија во февруари 2021 година.

По повеќе прекини и помирувања, нивната врска дефинитивно заврши во 2022 година.

Од друга страна, 40-годишната Ирина Шајк со години беше во врска со актерот Бредли Купер. Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, а во март 2017 година ја добија ќерката Леа. Иако се разделија во 2019 година по четири години врска, Шајк и Купер останаа во добри односи и заедно се грижат за својата ќерка.

Засега ниту Ирина Шајк ниту Девин Букер јавно не ја коментирале врската, но според блиски извори, меѓу нив дефинитивно има силна хемија.

Поврзани содржини