🎥 ХАЛЕЕВАТА КОМЕТА ПОЧЕСТО СЕ ПОЈАВУВА ОД ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО СОБРАНИЕТО! Претеникот Пренџов го повика лидерот на опозицијата да си доаѓа на работа

Не можеме ние да молчиме, а тој, наместо да дојде на Комисијата за финансирање и буџет, на оваа говорница, пред народ од којшто зема плата, да ви држи прес-конференции трета година по ред од Бихаќка – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

387

Халеевата комета почесто се појавува од Венко Филипче во Собранието – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, во обраќање кон опозицијата од собраниската говорница.

– Филипче се однесува како Халеевата комета – на 77 дена доаѓа еднаш на работа, овдека во Собранието. Само него и Али Ахмети ги нема во Собраниево. И не можеме ние да молчиме, а тој, наместо да дојде на Комисијата за финансирање и буџет, на оваа говорница, пред народ од којшто зема плата, да ви држи прес-конференции трета година по ред од Бихаќка. И не може да реагирате процедурално зошто ние не смееме овде да го споменеме името на неговото величество Венко Филипче – рече Пренџов.






Поврзани содржини