НЕТОЧНАТА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ТРАГЕДИЈАТА НА ЕЛБРУС Преживеаниот босански алпинист сведочи за загинувањето на неговите колеги
Адиловиќ изјави за рускиот медиум Известија дека тимот бил добро обучен, но временските услови се покажале потешки од очекуваното. Тој рече дека проблемите започнале од самиот почеток на искачувањето.
Харис Адиловиќ, еден од двајцата преживеани алпинисти од босанската експедиција на Елбрус, ги опиша околностите на трагедијата во која животот го загубија петмина негови колеги. Во интервју за руските медиуми, тој тврди дека вината за несреќата била погрешната временска прогноза, а не недоволната подготвеност на алпинистите.
Адиловиќ изјави за рускиот медиум Известија дека тимот бил добро обучен, но временските услови се покажале потешки од очекуваното. Тој рече дека проблемите започнале од самиот почеток на искачувањето.
Групата немала водич, а веќе во почетната фаза еден од учесниците почнал да измрзнува, па водечкиот тим морал да се врати.
– Другиот тим продолжи да се искачува, но по околу 100-150 метри и ние решивме да се откажеме од искачувањето. Кога ги обезбедивме јажињата на дел од рутата и се искачивме повисоко, видовме дека ситуацијата на врвот е уште полоша. Решивме да се вратиме – се присети тој.
Тој нагласи дека сите членови на тимот биле искусни и добро се познавале. Објасни дека во Босна и Херцеговина алпинистите тренираат речиси секој викенд бидејќи планините се блиску до нив.
– Значи, не стануваше збор за недоволна подготовка. Мислам дека главната причина беше неточната временска прогноза – рече Адиловиќ.

Петмина планинари од Зеница загинаа во трагедијата на Елбрус: Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам.
Еден од преживеаните се симнал од планината и побарал помош, додека другиот подоцна бил пронајден од спасувачите. Руските спасувачки служби сè уште спроведуваат сложена операција за извлекување на телата, а нивната работа е отежната од снежните бури, силните ветрови и екстремно ниските температури.
View this post on Instagram