ЌEРКАТА НА КЕЈТИ ХОЛМС И ТОМ КРУЗ ЗАПЛОВИ ВО АКТЕРСКИТЕ ВОДИ Сури Круз доби улога во модерна адаптација на дело на Шекспир
Сури Круз ќе настапи во модерната адаптација на „Сон на летната ноќ“, додека студира музички театар на Универзитетот Карнеги Мелон
Ќерката на актерката Кејти Холмс од бракот со Том Круз, Сури Круз, очигледно тргнува по стапките на својата мајка, откако добила улога во театарска адаптација на дело од Вилијам Шекспир.
Ѕвездата од серијата „Досонов свет“ настапувала во претставата „Војвотката од Малфи“ уште во 1989 година, а сега и Сури ќе ги покаже своите актерски способности во „Midsummer!“, модерна верзија на познатото Шекспирово дело „Сон на летната ноќ“, пишува Hello.
Според пишувањата на американските медиуми, 20-годишната Сури ќе настапи заедно со свои колеги од Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија.
Планирани се две изведби, на 31 јули и 1 август, по што актерската екипа ќе отпатува во Велика Британија, каде претставата ќе биде дел од престижниот фестивал „Единбург Фринџ“, што ќе се одржува од 7 до 31 август.
Иако медиумите пишуваат за нејзиното учество, името на Сури засега не е наведено на официјалната листа на актери на веб-страницата на факултетот.
Сури, која наесен ќе ја започне третата година од студиите, претходно наводно размислувала за диплома од областа на модата, но сега се тврди дека студира музички театар на Факултетот за драмски уметности при Карнеги Мелон.
Ова не е нејзин прв актерски ангажман. Во март годинава таа ја толкуваше улогата на Ејнџел во сценското читање на делото „Cosmic Microwave Background“ во театарот „Њу Хазлет“ во Питсбург.
Сури веќе соработуваше и со својата мајка. Таа се појавува во филмот „Alone Together“ од 2022 година, каде што ја изведува песната „Blue Moon“ во воведната шпица.
Кејти тогаш изјави дека нејзината ќерка е исклучително талентирана.
– Многу, многу е талентирана. Се согласи да го направи тоа, ја сними песната и јас ѝ дозволив да го направи тоа на свој начин – изјави Холмс.
На прашањето зошто токму Сури ја избрала за тој ангажман, актерката кратко одговорила:
– Секогаш сакам највисоко ниво на талент, затоа ја прашав неа.
Мајката и ќерката се исклучително блиски. Иако Сури се пресели во Питсбург поради студиите, таа во повеќе наврати се враќала во Њујорк за да ја посети мајка си, вклучително и за нејзиниот роденден, како и за да ја гледа во бродвејската претстава „Нашиот град“.
Сури го напушти Њујорк во август 2024 година, што беше емотивен момент и за неа и за Кејти. Актерката тогаш лично ѝ помагаше при вселувањето во студентскиот дом.
Во интервју од 2024 година, Холмс искрено зборуваше за чувството кога единственото дете заминува од дома.
– Сакате да останат со вас засекогаш, но тие се прекрасни личности и ваша задача е да им дадете сè што им е потребно. Потоа заминуваат, а тоа за мене ќе биде многу тажно – изјави таа.
– Секако дека ќе ми недостига тоа што нема да биде блиску до мене, но многу сум горда на неа и среќна сум. Се сеќавам на таа возраст и на возбудата од новите почетоци. Прекрасно е да се откриваш себеси и мило ми е што и таа го доживува тоа – додаде актерката.