Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотелот „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон.
Врз местото каде што е истечена нафтата се посипуваат песок и пилевина за да биде впиена а потоа отстранета од коловозот.
Според првите информации, камионот излегувајќи од индустриската зона нагазил на решетката која е паралелна со рабниците, таа отскокнала, удрила во резервоарот за гориво, го пробила и нафтата се излеала.
Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција.