СКАПО ЌЕ ГО ЧИНИ ТЕПАЧКАТА ВО ФИНАЛЕТО Атлетико го стави Алмада на трансфер-листа по инцидентот со Шпанија

Аргентинскиот репрезентативец може да го напушти Мадрид само една година по пристигнувањето, откако клубот е подготвен да прифати понуда од Ривер Плата или Фламенго.

87

Тепачката меѓу дел од фудбалерите на Аргентина и Шпанија по финалето на Светското првенство може да има сериозни последици за некои од учесниците. Аргентинскиот репрезентативец Тиаго Алмада е еден од играчите кои би можеле да почувствуваат последици поради своето однесување во инцидентот.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид е ставен на трансфер-листа, а шпанскиот клуб е подготвен да разгледа понуди за негово заминување, иако во тимот пристигна пред само една година.






За 25-годишниот аргентински репрезентативец интерес покажале Ривер Плата од Аргентина и Фламенго од Бразил. Според информациите, Атлетико е подготвен да прифати една од понудите што веќе пристигнале за играчот.

Алмада, според наводите, е свесен дека по инцидентот тешко ќе го врати својот статус во клубот и е подготвен за нов предизвик. Најсериозна опција во моментов е трансфер во Фламенго, каде би потпишал тригодишен договор.

Вредноста на потенцијалниот трансфер се проценува на околу 20 милиони евра.

Алмада има искуство со играње во Бразил, каде претходно го носеше дресот на Ботафого, пред да се пресели во Атлетико Мадрид.

Поврзани содржини