🎥 ХАЈДИ КЛУМ ТОПЛЕС РЕКЛАМИРА ЧИПС НА ПЛАЖА Видеото на германската супермоделка предизвика лавина реакции
Германската супермоделка во бикини, со шешир и чипс во раката, сними една од своите најсмели реклами досега. Клум соработуваше со популарна компанија и промовираше нов производ во нејзиниот препознатлив стил.
Германската манекенка Хајди Клум предизвика бура од реакции со новото видео што го објави на Инстаграм. Во него, 53-годишната ѕвезда позира топлес на плажа додека ја промовира својата соработка со компанијата Funny-Frisch, уживајќи во чипс на чија амбалажа се наоѓа и нејзиниот лик.
Во видеото Хајди носи само долен дел од бикини, шешир и очила за сонце, додека градите ги покрива со раката и со кесичка чипс. Провокативната реклама е снимена на сончева плажа, со морски бранови во позадина, а во кадар се појавува и нејзиното куче.
Објавата за само неколку часа собра речиси 80.000 лајкови и илјадници коментари.
View this post on Instagram
Сопругот ја убедил да не биде премногу слаба
Клум ја оствари соработката со познатата компанија откако неодамна откри дека нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, ја охрабрил да ја прифати својата пополна фигура по долгогодишните критики што ги доживувала во модната индустрија.
– Мислам дека со годините изгледаме подобро кога не сме премногу слаби. Мојот сопруг беше првиот што ми го кажа тоа. Ми рече: Треба повеќе да јадеш. Би изгледала подобро ако имаш малку повеќе месо на коските – раскажала Хајди.
Таа додала дека ваквиот совет ретко се слуша во светот на модата, каде што од манекенките постојано се очекува да бидат што послаби.
– Кога ги гледам старите фотографии, си велам: Во право беше! Што се однесува до пропорциите, изгледам подобро кога сум малку пополна – истакнала манекенката.
Воедно нагласила дека нема намера да користи GLP-1 лекови за слабеење, кои во последно време станаа многу популарни меѓу славните личности.
– Воопшто не ме интересира тоа – рекла таа.
Љубовна приказна со музичар 16 години помлад од неа
Хајди Клум и Том Каулиц се во брак од 2019 година. Германскиот музичар, член на групата Tokio Hotel, е 16 години помлад од манекенката, но нивната врска со години привлекува позитивни реакции во јавноста.
Пред бракот со Каулиц, Хајди беше во брак со британскиот пејач Сил. Тие беа заедно од 2005 до 2014 година и имаат три заеднички деца – синовите Хенри и Јохан и ќерката Лу. Сил ја одгледуваше и Ленi, ќерката што Хајди ја има од претходна врска.
И покрај разводот, поранешните сопружници останале во добри односи.
Клум неодамна се осврна и на критиките што Сил ги добивал поради својот изглед.
– Кога бев во брак со Сил, луѓето знаеја да прашаат: Како може да има толку мрсна кожа? Тој има лупус и искрено мислам дека изгледа прекрасно. Не можете да им угодите на сите. Важно е да се погледнете во огледало и да бидете задоволни од себе – порача Хајди.