100 ЕВРА КАЗНА АКО ВОЗИТЕ ТРОТИНЕТ И ЗБОРУВАТЕ НА МОБИЛЕН Почна примената на новиот правилник

За движење со електричен тротинет по површини на кои тоа не е дозволено казната изнесува 80 евра, а за неносење шлем 50 евра.

88

Полицијата почна со примена на новите правила за управување со електрични тротинети, а досега се изречени вкупно 12 парични казни за различни прекршоци.

Новите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули, со што беа воведени построги правила за лицата што управуваат со електрични тротинети.






Највисоката изречена казна изнесува 100 евра и се однесува на лице кое користело мобилен телефон додека управувало со тротинет.

Три лица биле казнети со по 50 евра поради тоа што возеле без заштитен шлем. Најголем број санкции, вкупно девет, се изречени за движење со електрични тротинети по површини на кои тоа не е дозволено. За овој прекршок казната изнесува 80 евра.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека досега не е одземен ниту еден електричен тротинет. Сите лица на кои им биле изречени казни се полнолетни.

Поврзани содржини