ЗОШТО ЛУЃЕТО ЗАБОДУВААТ ПЛАСТИЧНИ ВИЛУШКИ ВО ГРАДИНИТЕ? Необичен трик што го користат градинарите ширум светот

Едноставен и евтин трик може да ги заштити цвеќињата и зеленчукот од миленици и диви животни, без да им наштети.

0

Ако сте љубител на градинарството и имате домашни миленици, сигурно ви е познато чувството кога ќе видите дека некое куче прегазило цветна леа, а мачка ја претворила свежо прекопаната земја во свој тоалет. Резултатот често се искорнати растенија, скршени стебленца и уништени насади во кои сте вложиле многу труд.

За среќа, постои едноставно и евтино решение кое во последниве години станува сè попопуларно меѓу градинарите ширум светот – пластичните вилушки.






Иако на прв поглед звучи чудно, забодувањето пластични вилушки во земјата може ефикасно да ги одврати милениците и дивите животни од влегување во градината, без притоа да им нанесе каква било штета.

Зошто функционира овој трик?

Кога вилушките се поставени исправено во почвата, тие создаваат нерамна површина по која животните не сакаат да одат.

Мачките особено избегнуваат места каде што чувствуваат непријатност под шепите, па често се откажуваат од копање или вршење нужда во такви делови од градината. И кучињата обично не сакаат да газат по непозната и неудобна подлога.

Освен тоа, вилушките делуваат и како визуелна пречка. Необичните предмети во земјата ги збунуваат животните и ги тераат да размислат двапати пред да се приближат.

За разлика од хемиските средства за одбивање или поставувањето огради, овој метод е евтин, лесен за примена и речиси незабележлив.

Повеќе за ова и уште некои корисни градинарски трикови ќе најдете на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини