УРАГАН ПОМИНА НИЗ МАКЕДОНИЈА Измерени оркански ветришта со брзина од 134 км/час

Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 км/час со правец север-северозапад (NNW).

516
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21 јули 2026 регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 км/час на 6 мерни места, орканска/ураганска олуја со брзина од 102 до 117 км/час на едно мерно место, а оркан/ураган со брзина над 118 км/час на 3 автоматски метеоролошки станици. На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62 км/час.





Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118 км/час. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери.

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 км/час со правец запад-северозапад (WNW).
Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 км/час со правец север-северозапад (NNW). Ветер со истата јачина од 130 км/час е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).

Со ова се потврдува дека на повеќе локации во државата се регистрирани оркански удари на ветер, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан.

Мониторингот на карактеристиките на ветерот се врши со специјализирани сензори и стандардни процедури, обезбедувајќи континуирани и прецизни податоци за струјното поле на ветерот.
Поврзани содржини