📽️ 770 КИЛОГРАМИ КОКАИН ЗАПЛЕНЕТИ ВО ИТАЛИЈА На дрогата имало ознаки со српско знаме

Италијанските власти пронајдоа 650 пакети со кокаин со висока чистота во ладилен контејнер, а дел од пакетите имале ознаки со знамето на Србија.

80

Италијанската финансиска полиција и царинските служби запленија повеќе од 770 килограми кокаин во пристаништето Вадо Лигуре, скриен во пратка со банани пристигната од Еквадор.

Според соопштението на Италијанската финансиска полиција, во акцијата учествувале припадници на Финансиската полиција од Савона, нивни колеги од Џенова и службеници од Царинската и монополската управа.






При контролата на ладилен контејнер биле пронајдени 650 пакети со дрога, скриени меѓу десетици палети со банани. Брзата анализа покажала дека станува збор за кокаин со исклучително висока чистота.

На видеоснимката објавена од италијанските власти се гледа дека на дел од пакетите со дрога има ознаки со знамето на Србија.

Италијанските власти посочуваат дека заплената е резултат на засилените контроли на трговските рути што ја поврзуваат Јужна Америка со Европа. Пристаништето Вадо Лигуре во последниот период станува значаен трговски центар, но и мета на организирани криминални групи за нелегален транспорт на дрога.

Според проценките на надлежните служби, доколку кокаинот стигнел до црниот пазар, криминалните организации би можеле да заработат околу 250 милиони евра.

Италијанската финансиска полиција наведува дека ова е една од најголемите акции против трговијата со дрога спроведени во последните години во пристаништето Вадо Лигуре.

Поврзани содржини