НЕВРЕМЕТО НЕ ЈА ПОШТЕДИ НИ БОЛНИЦАТА Огромна штета во „8 Септември“, оштетен кровот

Во болницата нема примени повредени лица од невремето, но првичниот увид покажува сериозни оштетувања на кровната конструкција.

0

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика голема материјална штета и во Градската општа болница „8 Септември“, каде најмногу е оштетен кровот и кровната конструкција.

Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, изјави дека засега во установата не се примени повредени лица како последица на невремето, но дека првичниот увид покажува значителни оштетувања на објектот.






– Во овој момент не можеме прецизно да го утврдиме обемот на штетата. Потребно е да излезе проценител на терен и да се изготви официјален записник од надлежните институции. Според првичниот увид, најголемата штета е на кровот и кровната конструкција – изјави д-р Стојаноски.

Надлежните служби во текот на утрешниот ден ќе извршат детална проценка на штетите, по што ќе биде познато колкави се последиците од невремето врз болничкиот комплекс.

Поврзани содржини