📽️ ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА ВО АЕРОДРОМ Огромно дрво се урна на улица зад автомобил
Драматичниот момент е снимен во населбата Аеродром, каде силниот ветер откорна зимзелено дрво кое за неколку секунди падна врз коловозот.
Само неколку секунди го делеа возачот од сериозна трагедија за време на силното невреме што попладнево го зафати Скопје.
На улицата Коста Новаковиќ во населбата Аеродром, огромно зимзелено дрво беше откорнато од силниот ветер и се урна директно врз коловозот. Драматичниот момент е снимен на видео, на кое се гледа како дрвото паѓа непосредно пред автомобил што се движел по улицата.
Возачот за влакно успеал да ја избегне опасноста, а според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица. Паднатото дрво целосно го блокирало сообраќајот на улицата, а надлежните служби интервенирале за негово отстранување.
Невремето што го погоди главниот град предизвика бројни штети во повеќе скопски населби – паднати дрвја, откорнати кровови, оштетени возила и прекини во снабдувањето со електрична енергија, додека екипите на надлежните институции и понатаму се на терен.
View this post on Instagram