📽️ СКОПЈЕ ПО БУРАТА ШТО ПРЕДИЗВИКА ХАОС Ѓорѓиевски објави видео од последиците и најави интервенции во текот на ноќта

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од последиците од силното невреме што попладнево го зафати градот и информираше дека екипите на јавните претпријатија веднаш биле испратени на терен.

0

Силното невреме со бурни налети на ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика бројни штети низ повеќе делови од градот, а градските служби веднаш излегоа на терен за расчистување на последиците.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи сподели видео од состојбата по невремето и порача дека реакцијата на службите била брза и организирана.






– Природата не можеме да ја спречиме, но реагиравме брзо, организирано, навремено и одговорно – напиша Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека екипите на градските јавни претпријатија веднаш биле мобилизирани, а паднатите дрвја и гранки започнале да се отстрануваат.

– Булеварите се проодни, а паднатите дрвја и гранки интензивно се расчистуваат. Ќе бидеме будни и на терен во текот на целата ноќ – порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски упати порака до граѓаните дека институциите остануваат активни сè до целосно санирање на последиците.

– Скопје нема да остане само ниту во најтешките моменти – напиша тој.

Силниот ветер попладнево предизвика паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекин на електрична енергија во делови од градот и материјални штети на повеќе локации. Надлежните служби продолжуваат со интервенции и проценка на состојбата.

Поврзани содржини