НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

По силното невреме што попладнево го зафати Скопје, метеоролозите најавуваат нов ден со променливо време, сончеви периоди, но и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирано невреме со град.

1

По екстремното невреме кое попладнево предизвика големи штети во Скопје, метеоролозите најавуваат дека временската нестабилност продолжува и во наредниот период.

Според прогнозата, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, но во делови од земјата ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на изолирано невреме со град.






Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува од северен правец. Во западните делови ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремени засилувања од западен правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Маврово до 20 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат од 27 до 32 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од Скопската Котлина можна е нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степен.

Стабилизација на времето се очекува во четврток, кога ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.

Во петок повторно ќе има сончево време со мала до умерена облачност, но со пониски температури. Минималните ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 20 до 26 степени.

Поврзани содржини