СДСМ, ЛЕВИЦА И ДУИ Е КОАЛИЦИЈА ЗА КОЧЕЊЕ НА РЕФОРМИТЕ Не им успева, лидери сме во регионот!

Оваа блокада служи само за создавање алиби за поразот на следните избори и виктимизација – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

27

СДСМ, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДСМ, Левица и ДУИ.






Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават сѐ за тоа да биде обратно.

СДСМ, Левица и ДУИ се заедно само кога треба да се запре некој процес кој е од интерес за државата, а и за самите политички партии. Оваа блокада е само поради создавање на алиби за поразот на следните избори и виктимизација.

Приказната која се обидуваат вештачки да ја наметнат не им поминува, бидејќи досега сме лидер во регионот по исполнување на закони од Реформската агенда, а лидери сме и по повлечените финансиски средства од Планот за раст. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да испорачува, а СДСМ, Левица и ДУИ ќе блокираат кога ќе имаат таква можност – рече Манасиевски.

Поврзани содржини