ЅВЕЗДА ОД 90-ТИТЕ ПОЧИНА ПО ТЕШКАТА БОЛЕСТ Басистката Џенифер Финч само неколку дена претходно побара помош од обожавателите

Џенифер Финч, басистка на култниот бенд L7, почина во 60-тата година од животот, само неколку дена откако откри дека боледува од тумор на мозокот и започна кампања GoFundMe за помош во лекувањето.

158

Музичкиот свет се збогува со Џенифер Финч, басистка и придружен вокал на култниот женски рок бенд L7, која почина на 59-годишна возраст по борба со агресивен облик на рак.

Тажната вест доаѓа само неколку дена откако таа јавно откри дека ѝ е дијагностициран тумор на мозокот и побара помош за да продолжи со лекувањето.
Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот официјален профил на Инстаграм, каде што членовите на семејството и пријателите се збогуваа со Џенифер.






– Со голема тага објавуваме дека почина нашата партнерка, сестра, ќерка и пријателка Џенифер Прешес Финч. Влијанието на Џенифер врз музичкиот свет беше огромно, а нејзиното влијание врз нашите животи беше уште поголемо. Им благодариме на сите за нивниот интерес, загриженост и топли пораки. Ве молиме за малку приватност за да можеме да тагуваме во мир во ова тешко време – напишаа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Finch (@jenniferfinch)

Само неколку дена претходно, Џенифер откри дека страда од тумор на мозокот и објави фотографија од лузната по операцијата. Потоа нејзините членови од бендот објавија дека поради болеста нема да може да настапи на прошталната турнеја „The Last Hurrah 2026“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Finch (@jenniferfinch)

– По повеќекратни операции и сериозни компликации, Џенифер сега има потреба од обемна медицинска нега, рехабилитација и професионална нега во сопствениот дом – напишаа тие во соопштението во кое ги информираа обожавателите за нејзината состојба.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L7 (@l7theband)

Покрената беше и кампања GoFundMe за да ѝ се помогне да ги покрие високите трошоци за лекување и домашна нега. Одѕивот од обожавателите беше огромен, за само неколку дена се собраа речиси 394.000 долари, надминувајќи ја почетната цел од 350.000 долари. Нејзините најблиски напишаа во тоа време дека средствата ќе ѝ овозможат на Џенифер да остане во својот дом за време на лекувањето и ќе помогнат за покривањето на медицинските трошоци и за зачувување на  нејзиното уметничко наследство.

Финч беше еден од основачите на бендот L7, на кој се приклучи во 1986 година, само една година откако бендот беше формиран во Лос Анџелес. Бендот ја одбележа алтернативната рок сцена од 1990-тите со хитови како „Pretend We’re Dead“, а Џенифер се појави и во спотот за песната „Doll Parts“ на групата Hole. Иако го напушти L7 во 1996 година, таа повторно се приклучи на бендот по нивното повторно обединување во 2014 година.

Нејзината смрт растажи многу нејзини колеги и обожаватели, особено затоа што само пред неколку дена реши јавно да проговори за својата болест и да ја започне борбата за закрепнување со помош на луѓе кои ја следеа нејзината работа со години.

Поврзани содржини