ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ПОВРЕДЕНИ ДОДЕКА ВОЗЕЛЕ ТРОТИНЕТ Се судриле „југо“ и два тротинета

391

Двајца тинејџери се повредени откако во нив удрил скопјанец додека возеле тротинети.

Како што соопшти полицијата, на 18.07.2026 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата Ќемал Сејфула и Павле Илиќ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(71) од Скопје, електричен тротинет управуван од 15-годишник од Скопје и уште еден тротинет управуван од друг 15-годишник од Скопје.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едниот малолетник, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Поврзани содржини