ПОЧИНА НУРИ БАЈРАМ Беше долгогодишен новинар и поранешен антикорупционер

Нури Бајрами беше поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2, а во текот на кариерата извршуваше повеќе функции во државната администрација.

142

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), долгогодишен новинар, главен уредник на ТВ2 и дипломиран правник.

Тажната вест ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку објава на својот профил на Фејсбук.






Бајрами беше член на ДКСК од 2019 година до февруари 2024 година, каде што ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Комисијата.

Покрај ангажманот во антикорупциската комисија, зад себе остави богата професионална кариера. Речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2, а беше активен и во државната администрација.

Во текот на кариерата работеше во Генералниот секретаријат на Владата како виш соработник за подобрување на соодветната и правичната застапеност, во Министерството за правда како виш соработник за односи со јавноста и службено лице за посредување со информации од јавен карактер, како и во Општина Гостивар, каде што беше раководител на Одделението за управување со човечки ресурси и службено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Од семејството информираа дека погребот ќе се одржи денес, по попладневната молитва.

Поврзани содржини