🎥 СТРАОТЕН ПОЖАР ВО НОРВЕШКА Пеплосани повеќе од 50 куќи

Густ црн чад ја прекрил областа, која се наоѓа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафатил населба со голем број меѓусебно поврзани куќи.

98

Повеќе од 50 куќи изгореа во голем пожар што денес избувна во близина на градот Драмен, во јужна Норвешка. Засега нема информации за загинати, повредени или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби.

Според Ројтерс, гаснењето на пожарот било значително отежнато поради силниот ветер, кој придонел огнената стихија брзо да се прошири.






Густ црн чад ја прекрил областа, која се наоѓа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафатил населба со голем број меѓусебно поврзани куќи.

Во акцијата за гаснење биле ангажирани најмалку 60 пожарникари, а дополнителни екипи пристигнале од околните области. Во борбата со огнената стихија биле вклучени и хеликоптери.

Полицијата евакуирала стотици жители, додека пожарот продолжил да се шири кон блиската шума.

Точната причина за избувнувањето на пожарот засега не е позната, пренесува Ројтерс.

Поврзани содржини