ОСТАНАЛА БЕЗ РЕЧИСИ 50.000 ДЕНАРИ БАРАЈЌИ КРЕДИТ Измамник преку социјални мрежи ѝ барал да уплати за трошоци

44-годишна жена од Долни Дисан уплатила пари за наводни трошоци, но наместо кредит останала без речиси 50.000 денари.

160

Жителка на неготинското село Долни Дисан останала без 49.087 денари, откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјална мрежа, верувајќи дека ќе добие кредит.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јули 2026 година во 13:15 часот, 44-годишната жена го пријавила случајот во ОВР Неготино.






Според нејзината пријава, таа стапила во контакт со лице преку социјална мрежа со намера да подигне кредит. Во текот на комуникацијата, во неколку наврати ѝ било побарано да уплати пари за наводни административни трошоци и процедури за одобрување на кредитот.

Жената ги извршила уплатите, но кредит никогаш не добила, по што сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини