УЛТРАПРЕРАБОТЕНАТА ХРАНА ЌЕ НИ СЕ „УДРИ ОД ГЛАВАТА“ Само една кесичка чипс на ден го зголемува ризикот од оштетување на мозокот
Истражувачите откриваат дека луѓето кои консумираат повеќе ултра-преработена храна имаат полоша способност за концентрација
Со години, лекарите предупредуваат дека чипсот, кексите и газираните пијалаци можат да го прошират обемот на струкот, да предизвикаат срцеви заболувања и да го скратат животот. Нова студија неодамна додаде уште еден доказ: таквата храна може да ја наруши когнитивната функција и способноста за размислување.
Во студија објавена во списанието Alzheimer’s & Dementia, учесниците добивале во просек околу 41 процент од нивните калории од ултра-преработена храна: десерти и пијалаци на база на млечни производи, безалкохолни пијалаци, овошни сокови и други засладени пијалаци, солени грицки и производи од компир, преработено месо и готови оброци.
За секои дополнителни десет проценти учество на ултра-преработената храна во дневната исхрана – што одговара на отприлика една кесичка чипс на ден – учесниците покажале пократка концентрација и имале поголем број фактори на ризик за деменција.