КАНДИДАТИТЕ ЗА МИНИСТРИ СЕ СИЛНО ДОКАЖАНИ СЕКОЈ ВО СВОЈОТ СЕКТОР Пратеникот Велјановски за предложената реконструкција

Сметам дека оваа реконструкција, како што кажав е храбар чин, а и визионерски чекор на претседателот Христијан Мицкоски – рече пратеникот Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

128

Александар Велјановски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната седница во Собранието каде што истакна дека кандидатите за министри се силно докажани секој во својот ресор и нагласи дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата.

– Се јавив на реплика на говорот на пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика Јована Тренческа затоа што, легитимитетот којшто го изгуби на последните избори како министерка заедно со поголем дел од колегите со коишто сега ги дели пратеничките клупи во опозицијата, токму зборува за рејтингот којшто го имаат и сега критикувајќи ја реконструкцијата на владата и храбриот чекор, можам да кажам слободно, на премиерот Христијан Мицковски во период кога има силен рејтинг и огромна предност пред опозицијата, сепак нели визионерски се превземаат чекори за унапредување на реформите и за забрзано реализирање на започнатите проекти. Кога зборувате вие почитувана пратеничка Јована не смееме да заборавиме дека вие бевте министерка за труд и социјална политика во периодот 2022-2023 година, а тоа е период којшто ќе остане запаметен како еден период во којшто беше инсталирана целосно партиската војска на социјалдемократскиот сојуз и ДУИ во овој ресор и исто така бевте дел од многу процеси коишто беа контроверзни и проследени со скандали за коишто денеска имаме судски постапки, имаме обвиненија и само да ве потсетам дека вие бевте дел од седницата на влада кога се донесе незаконската одлука на Артан Груби за набавка на милионската набавка на лотарија за набавка на апарати – рече Велјановски.






Тој додаде дека кандидати за министри се силно докажани секој во својот ресор и нагласи дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата.

– Сметам дека оваа реконструкција, како што кажав е храбар чин, а и визионерски чекор на претседателот Христијан Мицкоски. Избрани се лица коишто ќе бидат министри до крајот на овој мандат, коишто се силно докажани во секој во својот ресор и знам дека со нивната умешност, образование и искуство ќе дадат голем придонес во унапредувањето на политиките на владата. Еден дел од почитуваните кандидати за министри ги познавам и лично и знам дека и сигурен сум дека ќе дадат свој максимум во тоа да испорачаат подобри услови за живот на граѓаните на Република Македонија – заклучи Велјановски.

Емилија Ангелова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница, реплицираше на забелешките од опозициските пратеници на адреса на кандидатот за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски

– Сите овие карактеристики што ги има кандидатот за министер за социјална политика, демографија и млади секако недостасуваа во вашите редови и навистина ми е жал што немавте такви министри и мислам дека можете барем малку од малку да научите од министрите коишто денес се предложени – рече пратеничката Ангелова.

Ангелова додаде дека имала чест и можност непосредно да соработува со кандидатот за министер Велковски, и истакна дека станува збор за човек кој темелно, посветено и одговорно пристапува кон секоја обврска, додека пак неговото искуство и професионалност претставуваат додадена вредност во работата на односното министерство.

Поврзани содржини