АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ЗА ШИРЕЊЕ НА СВИНСКАТА ЧУМА ВО СРБИЈА Зафатени се 8 окрузи и 18 општини

Во борбата со болеста се вклучени неколку министерства, компании, ловни друштва општински администрации.

49

Повеќе од 60 претставници на државни институции во Србија, на локални самоуправи и стручни служби учествуваа на вонреден состанок посветен на борбата против африканската свинска чума, на кој е заклучено дека казните за непочитување на пропишаните мерки ќе бидат што е можно построги.

– На некои ќе им биде забрането да чуваат свињи – рече српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ по состанокот.






Како што е нагласено, се случува индивидуалните сопственици неправилно да ги фрлаат мртвите животни надвор од своите фарми, што дополнително го зголемува ризикот од ширење на инфекцијата.

На состанокот присуствуваа претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, сообраќајната полиција, Ветеринарната управа, Шумската управа, „Србијашума“, „Војводинашума“, градоначалници на општини, раководители на окрузи, како и претставници на ловни здруженија.

Во Србија  има жаришта на африканска свинска чума во областа на Сремскииот и Мачванскиот округ, градот Белград, дел од Колубарскиот округ и во Орашје кај Велика Плана, додека зарази се регистрирани во Поморавскиот, Шумадискиот округ, а регистрацијата е во тек во Борскиот округ.

Од 9 јули, африканска свинска чума  потврдена кај домашни свињи на 496 фарми во 18 општини и осум административни области, при што 1.015 свињи умреа на заразените фарми, додека 10.515 животни беа еутанизирани.

Исто така, во претходните два месеци, повеќе од 10.000 свињи беа еутанизирани на помали фарми во округот Мачванскиот огруг, Срем и во областа на Белград.

Како што истакна министерот, африканската свинска чума е исклучително опасен вирус кој многу лесно се пренесува, поради што е неопходно вклучување на сите надлежни служби.

Според него, вирусот може да се пренесе преку обувки, облека, транспортни средства, но и други предмети што доаѓаат во контакт со заразеното подрачје.

– Дури стигнавме и до печурки и вргањ, бидејќи вирусот многу лесно се пренесува. Присутен е на секој чекор и се крие од сите страни. Нема вакцина и затоа мора да направиме сè за да го спречиме неговото ширење – рече министерот.

Учесниците на состанокот предупредија дека е потребно да се ограничи непотребното движење, особено во шумските области каде што живеат диви свињи, кои претставуваат еден од главните извори на ширење на болеста.

Африканската свинска чума е заразна болест која ги зафаќа домашните и дивите свињи, но не е опасна за луѓето. Вирусот се пренесува преку контакт со заразени животни, контаминирана храна, опрема, облека и возила.

Поврзани содржини