ДОБРА ТУРИСТИЧКА ПРЕТСЕЗОНА Повеќе од 100.000 странски туристи ја посетиле земјава во мај

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236.727, од кои  75,8% се од странските, а 24,2% од домашните туристи.

52

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни, објави Државниот завод за статистика

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236.727, од кои  75,8% се од странските, а 24,2% од домашните туристи.






Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,6%. Кај домашните туристи има намалување за 4,4%, а кај странските има зголемување за 4,9%.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0%. Кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските зголемување за 3,3%.

Најголем број од странските туристи биле од Турција (34.681), од Германија (9.578), од Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).

Поврзани содржини