ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Еве колку ќе чини литарот на бензинските пумпи
Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 3,59%.
Од полноќ горивата во земјава поскапуваат во просек за 3,59%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката, малопродажната цена на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, на бензините за 1,50 денари по литар, додека пак екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари. Од ноќеска на полноќ поскапува и мазутот за 0,938 денари по килограм.
Новото поскапување на горивата РКЕ го оправда со референтните цени на нафтените деривати кои на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,010%.
Кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 9,189% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,604% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% %
Од 8.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
| – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 | – | 87,00 (денари/литар) |
| – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 | – | 89,00 (денари/литар) |
| – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | – | 88,00 (денари/литар) |
| – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | – | 86,00 (денари/литар) |
| – Мазут М-1 НС | – | 42,168 (денари/килограм) |