АКО ИМА ОБИД ДА ГО УБИЈАТ ТРАМП, САД ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИ Илјада ракети веќе се насочени кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската армија е подготвена за напади врз Иран доколку Техеран се обиде или изврши атентат врз него.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на американската армија да биде подготвена за напади врз Иран доколку Техеран се обиде или изврши атентат врз него.

Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп тврди дека се преземени конкретни воени подготовки во случај на такво сценарио.






„Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој случај мене!“, напиша Трамп.

Тој додаде дека наредбата веќе е издадена и дека американската армија е подготвена, како што наведе, „целосно да ги опустоши и уништи сите области на Иран“ доколку се реализира каков било обид за атентат.

Засега нема официјална реакција од иранските власти на изјавата на американскиот претседател.

Поврзани содржини