EДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ОД „БЕЛАНОЦА“ БИЛ БАРАН ЗА УБИСТВО НА ОФИЦЕР НА АРМ Другиот се поврзува со убиство во Бутел и напад во Студеничани
Џавит Муса со години бил во бегство и се бараше за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и убиството на офицерот на АРМ Агим Муареми во Батинци. Тој бил осомничен за уште едно убиство во Батинци во 2024 година, а според истрагата, ликвидацијата била нарачана од Беланоца и нејзиниот лидер Фатљум Ајети-Тоте.
Eден од двајцата уапсени членови на криминалната група Беланоца уапсени во Драч, во aкција на македонската полиција и Интерпол, бил баран за убиство на офицер на АРМ, јавува Телма во сопствен прилог.
Џавит Муса со години бил во бегство и се бараше за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и убиството на офицерот на АРМ Агим Муареми во Батинци. Тој бил осомничен за уште едно убиство во Батинци во 2024 година, а според истрагата, ликвидацијата била нарачана од Беланоца и нејзиниот лидер Фатљум Ајети-Тоте.
Пред да избега, Муса издржувал затворска казна за нелегално поседување оружје во затворот Скопје.
Сенафи Нуредини, кој исто така беше уапсен во Драч, е член на Беланоца баран за криумчарење мигранти, убиство, нелегално оружје и злосторничко здружување. Се поврзува и со напад во Студеничани во 2021 година, кога, според сомневањата, избодел младо момче. Истражителите го поврзуваат и со убиството на Камбер Идризи во Бутел во 2021 година, припадник на ривалска криминална група.
Во акцијата е приведено и трето лице со иницијали Џ.Р., осомничено дека им обезбедувало фалсификувани документи на двајцата бегалци.