📷 СЕВЕРИНА ОБЈАВИ СЛИКИ ОД ПЛАЖА „Одам да се фрлам во море, зашто морето сè ќе однесе“

Северина повторно се огласи на Инстаграм, откако деновиве коментираше околу ослободителната пресуда, но овојпат, од плажа. Нам ни изгледа дека е пооблечена на плажа отколку на своите настапи, но во секој случај изгледа убаво

328

Откако Општинскиот кривичен суд во Загреб донесе неправосилна ослободителна пресуда во постапката против пејачката Северина Вучковиќ, таа деновиве се огласи со коментар за тоа на своите социјални мрежи.

– Правдата секогаш победува на крајот, иако ќе беше многу подобро да победеше на почетокот… Во продолжение ретроспективата на системот што постоеше тогаш и сè уште постои и ништо не се промени… – напиша популарната Северина под објавата.






Судот заклучил дека пејачката не се однесувала наметливо кон директорката на основното училиште Љиљана Клингер, ниту кон поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади на градот Загреб Гордана Буљан Фландер. Обвинителството побара условна казна затвор од 10 месеци, но пејачката сепак беше ослободена.

А сега Северина повторно се огласи на социјалните мрежи, но во опуштено издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачката објави само една фотографија на која се гледа само горен дел од костимот за капење, додека на другите фотографии имаме впечаток дека е пооблечена отколку на своите настапи.

Фотографиите се направени на плажата на хотелот „Le Méridien Lav“ во нејзиниот Сплит, а таа, без оглед на тоа што носи на себе, како и секогаш, изгледа убаво.

– Одам да се фрлам во море, зашто морето сè ќе однесе – напиша таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини